Компанијата КИ – ПАР ДООЕЛ е основана во 2000 година со целосно приватизиран капитал, а започнува како компанија за острење и продажба на алати за дрвната индустрија. Во 2004 година започнувме со продажба на репроматеријали и оков за дрвната индустрија, која во нашата република е во огромен подем како индустрија, како и услужно кроење и кантирање на репроматеријалите со кои располагаме.

Нашите долгорочни намери и цели како компанија се квалитетот, големиот асортиман на нашите репроматеријали кои се од престижни светски компании и добрата услуга со соработниците и потенцијалните клиенти.

Капацитетот на нашата компанија е огромен ако се знае дека КИ – ПАР ДООЕЛ се простира на 4500 квадратни метри работен и изложбен простор.

Менаџерскиот тим и вработените лица во КИ – ПАР ДООЕЛ, кои се експерти во својата област, ви гарантираат квалитет за секоја услуга извршена од нивна страна, континуирано следејќи ги сите новитети кои се појавуваат на светскиот пазар.

Повелете и посетете не!