Нови компактни плочи
Компактните плочи (познати и како HPL - High-Pressure Laminates) се иновативен, модерен и исклучително издржлив материјал. Се изработуваат од повеќе слоеви специјална хартија кои се импрегнирани со термоумрежувачки смоли и се пресуваат под многу висок притисок и температура. Резултатот е цврст, хомоген панел со декоративна површина од едната или од двете страни.